ВРЕДНОСТА НА ДОЛАРОТ НА НАЈНИСКО НИВО ВО 3 ГОДИНИ Еврото продолжува да расте

Американската валута е стабилна во споредба со јапонската, па курсот на доларот се движи околу 143,55 јени, исто како и вчера во ова време.

122

Вредноста на доларот на валутните пазари денеска во однос на кошничка валути стагнира близу најниските нивоа во повеќе од 3 години.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 96,70 поени утрово, додека вчера во ова време беше 96,65 поени.






Цената на европската валута се зголеми од вчерашните 1,1795 на 1,1805 долари, блиску до највисокото ниво од септември 2021 година.

Американската валута е стабилна во споредба со јапонската, па курсот на доларот се движи околу 143,55 јени, исто како и вчера во ова време.

Поврзани содржини