ВРЕДИ ВЕТУВА ДЕКА ДЕПОНИЈАТА НАД АРАЧИНОВО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНА ЗАСЕКОГАШ Ќе биде затрупана и оградена, скопјани нема да се трујат со депониски чад

За само една година го направивме она што ДУИ не го направи за 2 децении. Со оваа акција го враќаме достоинството на жителите на Липково и на целиот регион, соопшти коалицијата Вреди.

281

Во Никуштак, Липковско, започната е историска акција за затворање и санација на една од најопасните депонии во земјата, која отворена рана со децении и ги труе воздухот, земјата и водата на илјадници граѓани, соопшти Вреди.

„Оваа депонија, идентификувана во Националниот план за отпад како една од најкритичните точки за јавното здравје и за животната средина, беше заборавена од ДУИ цели 24 години. Бескрајни ветувања, нула решенија! Жителите на Липково, Никуштак, Арачиново, Грушино и на Орланце доживеаа само чад, отров и опасност по животот“, соопшти Вреди.






Промената дојде со Вреди, се додава во соопштението.

„Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, обезбеди 5 милиони денари од Буџетот за 2025 година, како и потребната механичка опрема за трајно затворање на оваа дива депонија. За проектот има геодетска студија, а додека работите веќе се започнати“, се додава во соопштението.

Ова е најјасен пример дека Вреди не ветува, туку дејствува, потенцира коалицијата.

„За само една година го направивме она што ДУИ не го направи за 2 децении. Со оваа акција го враќаме достоинството на жителите на Липково и на целиот регион. Ставаме крај на долгогодишен кошмар и докажуваме дека промената е реална, опиплива и неповратна. Вреди е гаранција дека ова не е само победа за животната средина, туку и за здравјето, безбедноста и животите на нашите граѓани“, соопшти коалицијата.

Оваа дива депонија се наоѓа после селото Арачиново, на стариот пат Скопје-Куманово. Често е запалена, а отровниот чад се разнесува низ целата Скопска Котлина и го загрозува здравјето на граѓаните.

Поврзани содржини