📽️ ВРЕДИ ТРИУМФИРА ВО ЧАИР Изет Меџити слави победа и му порача на Ахмети да поднесе оставка
Очекувам уште во првиот круг ќе имаме 4-5 општини и ќе водиме во повеќето албански општини на нивото на државата. Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус - изјави Меџити.
Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од редовите на Вреди, Изет Меџити, вечерва слави победа во Чаир и очекува триумф на коалицијата во повеќето општини со мнозинско албанско население. Според првичните неофицијални резултати, Меџити убедливо води пред кандидатот од НАИ, Бујар Османи, и најавува победа уште во првиот изборен круг.
– На ДУИ и Ахмети, кои се залагаа за легитимитет, им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води Вреди. Во Чаир сме тука да ја прославиме победата на Вреди уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува Вреди – изјави Меџити.
Тој нагласи дека Вреди очекува да освои повеќе општини уште во првиот круг, потенцирајќи дека во некои места нема ни излезеност за валиден резултат.
– Очекувам уште во првиот круг ќе имаме 4-5 општини и ќе водиме во повеќето албански општини на нивото на државата. Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус – изјави тој.
Во еуфорична атмосфера во Чаир, Меџити испрати силна порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повикувајќи го да се повлече од политиката.
– Денес, со срце полно со гордост и благодарност, сакам гласно и јасно да кажам — вечерва Албанците победија, а една политичка класа се пензионира. Честитки за победата, честитки за пензионирањето на политичките противници. Вечерва му се обраќам на мојот политички противник, Али Ахмети, со целосно почитување и јасност — ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија – порача Меџити.