ВРЕДИ ОБВИНИ ДЕКА ДУИ ФУНКЦИОНИРА КАКО КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА Со нејзините сателити се обидува да го заштити криминалот

Затоа, додека не се реформираат програмски и кадровски, тие нема да можат да бидат реална политичка конкуренција. Албанците нема да дозволат ова криминализирано раководство на ДУИ да ги потценува. Тие знаат дека Ахмети, Груби, Османи, Мерко, Бектеши и нивната компанија немаат никаква грижа за Охридскиот рамковен договор, туку се грижат само за нивниот нелегално стекнат капитал, велат од Вреди.

510

Во едно напредно и праведно општество, заштитата на јавниот интерес и благосостојбата на граѓаните треба да бидат апсолутен приоритет. Сепак, во нашата реалност, благодарение на погрешните и неодговорни политики на ДУИ, коцкањето влезе во секој дом преку интернетот, уште повеќе продлабочувајќи ги големите социјални и економски штети од деловните објекти на коцкарниците кои ги има на секој чекор, истакна Фа ри Хисени, портпарол на коалицијата Вреди.

– Со одобрувањето на барањето на Комисијата за законодавно-правни прашања за автентично толкување на Законот за игри на среќа, сме чекор поблиску да го потврдиме она што го зборуваме како коалиција: нема да дозволиме заради личните и бизнис интереси на неколку поединци да страда целото општество – порача портпаролот на Вреди.






Дали сме за целосно искоренување на оваа болест? Апсолутно ДА! Сепак, ДУИ и нејзините сателити, создавајќи стапици во системот, го одолговлекуваат целосно справување со оваа општествена болес,  велат од ВРЕДИ.

– ДУИ делува како криминална организација, која, за да ги заштити своите поранешни корумпирани функционери, размислува на деструктивен начин. Ние како коалиција Вреди долго време тврдиме дека нивната идеја е да ги направат Албанците заложници во обид да избегнат правосудна одговорност за грабежот што го направија на народот за време на нивниот 22-годишен режим. Затоа, додека не се реформираат програмски и кадровски, тие нема да можат да бидат реална политичка конкуренција. Албанците нема да дозволат ова криминализирано раководство на ДУИ да ги потценува. Тие знаат дека Ахмети, Груби, Османи, Мерко, Бектеши и нивната компанија немаат никаква грижа за Охридскиот рамковен договор, туку се грижат само за нивниот нелегално стекнат капитал. Коалицијата Вреди е за нулта толеранција за корупцијата и ќе работиме за праведно и чесно општество, каде никој не е над законот. Заедно ќе изградиме подобра иднина за сите нас“ – истакна Хисени.

Поврзани содржини
na