ВРЕДИ НИ ДАДЕ УЛТИМАТУМ, А НЕ ПОНУДА Таравари вели дека ќе останат пет пратеници и самостојна група

„Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме за соработка со сите“, изјави Таравари, негирајќи дека имал разговори со опозициската ДУИ.

472

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок Вреди вели дека не добиле понуда од Вреди да се спојат во една партија.

– Досега не сме имале понуда од Вреди за да бидеме една партија. Ако имаме, ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името – нека го задржат името Вреди. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме за соработка со сите – изјави Таравари, негирајќи дека имал разговори со опозициската ДУИ.






За информациите дека добил понуди од Вреди и од ДУИ да има 35 отсто од советничките листи и пет кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, Таравари рече дека не преговарал со ДУИ, а од Вреди добил понуда, која повеќе може да ја нарече ултиматум отколку понуда.

– Не сум преговарал со ДУИ. Вреди ми пуштија повеќе би рекол ултиматум пред вчерашното Собрание. Јас никогаш не прифаќам ултиматуми, сакам разговори. Ние сме подготвени да разговараме со сите пред се со Вреди бидејќи до сега сме дел од Вреди, но ако одлучат тие четири да одат без нас, ние тоа го прифаќаме – рече Таравари.

Во однос на тоа дали е на повидок реконструкција на Владата, Таравари се повика на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека такво нешто не се планира до локалните избори и дека односите во Владата се коалициски одлични.

Поврзани содржини