ВРЕДИ ИЗЛЕГУВА СО СВОЈ КАНДИДАТ ЗА СКОПЈЕ Меџити најави учество во изборите за главниот град, но не откри име

Кандидатите за локалните избори ќе бидат објавени идната недела, Скопје, Чаир и Струга веќе со позната насока.

1,655

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити денеска обелодени дека Вреди ќе настапи со свои кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Чаир, а во Струга ќе даде поддршка за независниот кандидат Менди Ќира. За останатите општини, како што истакна, анализите се при крај и очекува наредната недела да бидат објавени имињата на сите кандидати.

На новинарско прашање дали и тој лично ќе се кандидира за градоначалник на Чаир, Меџити кратко одговори дека тогаш „ќе бидат официјализирани сите кандидатури“, негирајќи, но и не потврдувајќи директно дали ќе влезе во трката.






Во врска со можноста за коалиции на локално ниво со ВМРО-ДПМНЕ, министерот вели дека тоа не е ништо ново на политичката сцена.

– Ништо ново. Како што од деведесеттите до сега во плурализмот, владините партнери секогаш се помагале и ќе продолжат да се помагаат. Истото го очекувам и од опозициските партнери – ДУИ, Левица, СДСМ. Секој со секого на локално ниво, тоа е реалноста – изјави Меџити по потпишувањето на договори за општински проекти финансирани од Министерството.

Договорите опфаќаат изградба на канализација, водоводна мрежа и други еколошки програми, со поддршка од инвестициските програми на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поврзани содржини