ВРЕДИ ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО ПАРТИЈА Во тек е постапка за окрупнување на малите партии од коалицијата
Потребен ни е сериозен и силен политички субјект кој ќе ги претставува интересите на Албанците во земјава. Процедурата е започната, активно се водат разговори, но главниот збор ќе го имаат претседателите на политичките партии - рече Гаши.
Ни треба окрупнување, малите политички партии не носат стабилност, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на прашање дали коалицијата Вреди ќе прерасне во политичка партија.
– Одлуката ќе ја донесат претседателите на политичките субјекти, ама јас мислам дека сме на добар пат коалицијата Вреди да прерасне во политичка партија. Едно е да се делува како коалиција, а друго е како политичка партија. Потребен ни е сериозен и силен политички субјект кој ќе ги претставува интересите на Албанците во земјава. Процедурата е започната, активно се водат разговори, но главниот збор ќе го имаат претседателите на политичките партии – рече Гаши.