ВРЕДИ ЌЕ ИЗБИРА ЛИДЕР МЕЃУ МЕЏИТИ И КАСАМИ Коалицијата разгледува креативни решенија по европски модел

Тука некаде е. Тој (Биљал Касами) е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија, рече градоначалникот на Чаир Изет Меџити во гостување на ТВ Телма.

591

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ќе се избира идниот лидер на Вреди.

– Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија – рече Меџити.

Поврзани содржини