ВРЕДЕШЕ МИЛИЈАРДИ, НО ЈА ПРОДАДЕ ЗА 36 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Банкротира вселенскиот проект „Вирџин орбит“ на милијардерот Бренсон

Милијардерот на затвори компанијата поради неуспешна вселенска мисија.

659

„Вирџин орбит“, компанијата за лансирање на сателити, основана од британскиот милијардер Ричард Бренсон, се затвора само неколку месеци по големиот неуспех на една од нејзините мисии.

Милијардерот ја продаде компанијата за 36 милиони долари што претставува само еден процент од нејзината вредност постигната на крајот на 2021 година на Волстрит. тогаш беше проценета на 3,5 милијарди долари.






Во соопштението со кое ја објави продажбата на својот имот на 4 понудувачи, компанијата им се заблагодари на своите вработени и засегнатите страни и рече дека се надева дека ќе остане запаметена по своите „револуционерни технологии“.

Фирмата со седиште во Калифорнија, која веќе поднесе барање за стечај на почетокот на април, ги продаде своите главни средства на аукција, враќајќи над 36 милиони долари.

 

Поврзани содржини