ВРАТИТЕ НА ВЛАДАТА СЕ ОТВОРЕНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ Почна да се поставува отстранетата ограда

506

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски информира дека денеска согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно отстранетата ограда на Владата.

– Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денеска Службата за заеднички и општи работи ја поставува. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална – вели Томовски.






Тој посочува дека вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува на складиште ја добива својата функција.

Поврзани содржини