ВРАТЕТЕ СЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈА ИЛИ НАПУШТЕТЕ Маск им постави услов на работниците од Тесла
Работењето од дома стана голема мода во светот откако изби пандемијата со коронавирусот. Но сега, повеќето големи корпорации во САД планираат да ги вратат работниците назад, иако тоа оди тешко и многу од нив се бунат или бараат преодни решенија.
Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, им пратил мејл на вработените во кој побарал да се вратат на работа со физичко присуство или да ја напуштат компанијата, пренесува Ројтерс. Условот е тие да поминуваат најмалку 40 часа во канцеларија.
– Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ – се вели во мејлот.
Самиот Маск не бил достапен да даде коментар за Ројтерс, но на Твитер напишал дека споменатите вработени „треба да се преправаат дека работат на друго место“.
Работењето од дома стана голема мода во светот откако изби пандемијата со коронавирусот. Но сега, повеќето големи корпорации во САД планираат да ги вратат работниците назад, иако тоа оди тешко и многу од нив се бунат или бараат преодни решенија.
Бунт веќе има во една во фабриките на Тесла во Калифорнија.