ВРАБОТУВАЊЕ ЗА 5-ТЕ НАЈДОБРИ МЕДИЦИНСКИ СТУДЕНТИ Таравари говореше за мораториум на одредени специјализации

Таравари најави и дека ќе се отстрани модуларната болница до Инфективната клиника во Скопје, а на истото место повторно ќе се направи читална за студентите на Медицинскиот факултет.

333

„На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници“.

Ова го рече министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.






– Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10-те најдобри студенти – рече министерот.

На средбата се говореше и за мораториум на одредени специјализации, а предност да се даде на специјализациите за онкологија, радиологија, патологија и анестезиологија.

 

Поврзани содржини