Субвенционирање на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, нека почнат да водат европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија – рече Стоилковски.