ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТА ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ Нередовната исплата на платата ја прели чашата

Вработените најавуваат дека протестите ќе траат додека не им се исплати платата и додека не им се вети дека нафедните плати ќе ги добиваат во законскиот рок.

510

Вработените во Пошта денеска протестираат во целата земја револтирани од тоа што сѐ уште не ја добиле платата.

Синдикатот кој го организира протестот вели дека ова не е прво доцнење на платата.






– Три, четири месеци доцни платата. Вработените се крајно револтирани и затоа што 60% од нив земаат минимална плата, и таа плата не ја земаат редовно. 1.700 вработени чекаат плата. Од нив 300 поштари на кои не им е регулиран статусот – изјави Сашо Димитриески, претседател на синдикалната организација на Пошта.

Тој вели дека протестите ќе траат додека платата не биде исплатена и дека ќе го информираат менаџментот дека  секое доцнење на наредните плати по 15  во месецот ќе биде повод за протест. Тој рече дека не е  исклучено и да се организира штрајк , ако практиката продолжи и во текот на годината.

Димитриески, сепак рече дека проблемите со кои се соочуваат во секојдневната работа произлегуваат од долгогодишното лошо работење на Пошта. Тој информира дека е почнат процес на промена на организационата структура и систематизацијата во Пошта, но процесот оди бавно, а платите нередовно се исплаќаат.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој присуствуваше на протестот изјави дека луѓе блиски до раководството на Пошта им се заканувале на вработените да не излегуваат на протест.

Поврзани содржини