Вработените во МВР ќе добијат бонус плата за три години
Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нна средба со претставници на синдикатите денеска соопшти дека во наредниот период ќе биде исплатена бонус плата за вработените во МВР за 2017, 2018 и 2020 година.
Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година.
– На овој начин и вработените ги добиваат парите кои им следуваат согласно колективниот договор, а и Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените – велат од МВР.
Претставниците на Македонскиот полициски синдикат ја поздравија оваа одлука и презедоа обврска да ги информираат вработените во МВР дека овој проблем е надминат и дека повеќе нема овие средства да се бараат преку суд туку ќе бидат исплатени од работодавачот.