ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОЧАНСКИ „ВОДОВОД“ РАБОТАТ НА СВЕЌИ Исклучена е струјата, долгот е околу 50 милиони денари

Најголемиот дел од долгот е направен последниве три месеци. Не може да очекуваат ни помош од Општина Кочани бидејќи вкупниот долг е една третина од локалниот буџет. 

196

Исклучена е струјата во кочански „Водовод“. Во мрак се управната зграда и неколку работни единици, делот со пумпите за вода и Филтер станицата работат.

Станува збор за долг од околу 50 милиони денари, објави ТВ24.






Најголемиот дел од долгот е направен последниве три месеци. Не може да очекуваат ни помош од Општина Кочани бидејќи вкупниот долг е една третина од локалниот буџет.

Останатите јавни претпријатија се на работ, но сѐ уште не се соочиле со исклучена струја иако имаат проблем со собирање на средства за елементарно работење. Враќањето на регулиран пазар ќе може да ги остави ликвидни.

Поврзани содржини