ВРАБОТЕНИТЕ НА ЕУРОНИКЕЛ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ КАВАДАРЦИ – ГРАДСКО Тие бараат владата и сопственикот да ја спасат компанијата

Веќе 6 месеци  трае преписката на синдикатот на компанијата со владините институции и сопственикот на комбинатот, но нема епилог од сето тоа.

1,322

Вработените од Еуроникел  од денес од 12.30 до 14.30 почнуваат со секојдневна блокада на патот Кавадарци – Градско во обид да ги спасат работните места.

Работниците браат фабриката да продолжи со работа било со сегашниот или со нов сопственик.






Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикатот, изјави дека на ваков чекор се одлучиле поради лошата состојба во која се наоѓаат околу 800 работници.

– Сакаме Владата и банката доверител да го слушнат нашиот глас. Владата да ни го поврати ДДВ за август месец, за да можеме да земеме плата и да бидеме здравствено осигурани – рече тој.

Веќе 6 месеци трае преписката на синдикатот на компанијата со владините институции и сопственикот на комбинатот, но нема епилог од сето тоа.

Од компанијата неодамна соопштија дека имаат проблем со снабдувачот со руда, а проблемот со набвката на струја за единствената печка која е во топло одржување го решаваат тековно.

 

 

Поврзани содржини