ВРАБОТЕНИ ВО УЈП МЕЃУ УАПСЕНИТЕ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ? Неофицијално, приведени се повеќе од 10 лица

Овие информации се непотврдени. Се чека официјално соопштение од надлежните институции.

1,107

Неофицијално уапсени се повеќе од 10 лица во големата полициска акција попладнево во која се бараат докази за големо даночно затајување. Според Нетпрес, меѓу уапсените има вработени во Управата за јавни приходи.

Повеќе македонски медиуми ја пренесоа веста.






4news објави дека, наводно, меѓу уапсените се и поранешни пратенички на СДСМ, сопственик на бензински пумпи и сопруга на познат доктор.

Според информации на ТВ Сител, меѓу приведените се и сопственици на фирми. Осомничените, наводно, одобрувале поврат на ДДВ за фирмите на кои поврат не им следувал. За возврат, неофицијално, фирмите потоа на осомничените им испорачувале и до 20% од добиената сума.

На шпекулациите дека во уапсените се повеќе познати лица од јавноста, пратенички, конзули и газди од ОЈО ГОКК соопштија:

„Да не се шират дезинформации, нема звучни имиња, особено не конзули, пратеници и амбасадори. Да заврши акцијата и ќе има официјални и издржани информации“.

Се чека официјално соопштение од надлежните институции во врска со наводите.

СЕ ПРИБИРААТ ДОКАЗИ ЗА ГОЛЕМО ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ Претреси се во тек на повеќе места низ државата

Поврзани содржини