ВРАБОТЕНИ ВО МНР ПРОТЕСТИРАЛЕ ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО Директно прекршување на етичкиот кодекс

Во истиот контекст, сакаме да посочиме дека е крајно несоодветно учеството на поединци вработени во Министерството за надворешни работи, на истите протести на кои се каменува куќата на дипломатијата, држејќи притоа дневно-политички говор, што преставува и директно прекршување на етичкиот кодекс, порачаа од МНР.

1,445

Министерството за надворешни работи ги осудува насилните и несоодветни постапки на дел од учесниците во синоќешните протести. Почитувајќи го правото на сите граѓани самостојно и слободно да го изразат своето негодување или револт преку протест, сметаме дека нема оправдување за ширење говор на омраза, извикување на навредувачки пароли и поттикнувањето тензии, како и прибегнување кон насилство и насилничко однесување врз објектот на Министерството, се вели во соопштението испратено од МНР.

„Во истиот контекст, сакаме да посочиме дека е крајно несоодветно учеството на поединци вработени во Министерството за надворешни работи, на истите протести на кои се каменува куќата на дипломатијата, држејќи притоа дневно-политички говор, што преставува и директно прекршување на етичкиот кодекс, но и целосно омаловажување на дипломатската професија. За овие бројни прекршувања, согласно внатрешните процедури, Министерството ќе преземе соодветни мерки за заштита на вработените во куќата и дипломатската професија. Би сакале да нагласиме дека претставници на синдикатите се секогаш вклучени при одлучување за правата и обврските на вработените во МНР, и како и досега, сите конструктивни забелешки се добредојдени и се земаат предвид“, порачуваат од МНР.






Од МНР порача и дека со должно внимание ги следат сите искажани ставови и препораки кои се дел од широкиот консултативен процес и дека тие претставуваат суштински инпут при креирањето на идните надворешно – политички чекори.

Поврзани содржини