Вработена во штипската болница пријавена за физички напад
Во прилепско била запалена плевна полна со бали тутун.
ВРАБОТЕНА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ПРИЈАВЕНА ЗА НАПАД – На 27.11.2020 во 12.35 часот во СВР Штип А.Г. од Клиничката болница Штип пријавил дека околу 12.30 часот во службената просторија во Здравствениот дом во Штип бил физички нападнат од страна на С.П., вработена во Клиничката болница –Штип. По комплетирање на случајот, против С.П. до надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ШТИПЈАНЕЦ ФАТЕН ВО ОБИД НА КРАЖБА – На 30.11.2020 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип во 00.30 часот на ул. „Партизанска“ во Штип бил лишен од слобода С.Т.(24) од Штип, поради основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба во обид“, во куќа во с.Долни Балван, штипско. Полициските службеници постапувале по пријава добиена во 00.10 часот, од страна на М.Т.(80) од с.Долни Балван, според која едно лице насилно влегло во неговиот дом во с.Долни Балван. По комплетирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ФАТЕН КРАДЕЦ НА ДРВА – На 29.11.2020 година околу 14.00 часот, при извршена контрола во месноста „Девичево“, во близина на Кичево, полициски службеници го затекнале Е.П.(28) од Кичево во нелегален транспорт на дрва со неговото возило „опел астра“. Истите се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.
ЛАЖЕЛ ДЕКА ЈА ЗАГУБИЛ ВОЗАЧКАТА – СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.Д(39) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ”. Пријавениот, со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење на нова возачка дозвола, во текот на месец октомври 2019 до МВР поднел Барање за издавање на дупликат возачка дозвола, со писмена изјава во прилог на Барањето, во која лично дал лажен исказ дека возачката дозвола му е изгубена, иако бил свесен дека за време на неговиот престој во С.Р.Германија, неговата возачка дозвола издадена во Република Северна Македонија, по негово лично барање, била заменета за германска возачка дозвола. Врз основа на таквото Барање, од страна на МВР – Сектор за управно-надзорни работи му била издадена нова дупликат возачка дозвола на име на пријавениот Х.Д., со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ”, предвидено и казниво по чл.367 ст. 3 од Кривичниот законик.
ГО ФАТИЛЕ СО ХЕРОИН И МАРИХУАНА – Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.А.(30) од Кичево. На 25.11.2020 на ул.„Прилепска“ во Кичево, при извршен преглед на мотоцикл „скутер“, без регистраски ознаки, управуван од пријавениот, биле пронајдени и одземени 38 пакувања хероин и три пакувања марихуана.
МУ СЕ ЗАПАЛИЛА ПЛЕВНАТА СО ТУТУН – На 29.11.2020 околу 14.20 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во с.Чаниште, прилепско, настанал пожар во плевна, сопственост на С.С.(69) од Прилеп, при што биле опожарени бали тутун. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарна единица Прилеп. Увид извршен од увидна екипа на ОВР Прилеп.
ФАТЕНИ ЛОВОКРАДЦИ – Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ Кавадарци поднесе кривична пријава против Т.Л.(45) од Демир Капија, М.М.(44) и Г.И.(31), двајцата од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На 10.09.2020 околу 01.00 часот, во с.Дрен, демиркаписко, кај место викано „Брана“, при контрола на патничко возило „нисан“, управувано од М.М., во кое сопатници биле Г.И. и Т.Л., биле пронајдени ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и друго.
СВЕТИНИКОЛЧАНЕЦ ПРОДАВАЛ КОКАИН – СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.П.(40) од Свети Николе, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.07.2020, при извршен преглед кај пријавениот од страна на затворските надзорници, бил пронајден кокаин. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот, кој бил осуденик во Казнено-поправен дом Штип, неовластено набавил кокаин заради понатамошна продажба.
НАМЕСТО ДА СЕДИ ДОМА, ТОЈ ШЕТАЛ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Владимирово, беровско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 13.10.2020 околу 16.00 часот во с.Владимирово, од страна на полициски службеници била извршена контрола над пријавениот, кој со решение од ДСЗИ е ставен во домашна изолација, при што не бил пронајден во неговиот дом и било констатирано дека не се придржувал кон мерката.
ГО ПРЕТЕПАЛЕ ДВЕ МОМЧИЊА – Надворешната канцеларија за криминалиситчки работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.С.(19) од с.Љубинци и Д.М.(20) од с.Радибуш, двете во Општина Ранковце, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“. На 18.10.2020 година, околу 02.30 часот, во угостителски објект во Крива Паланка, пријавените физички го нападнале А.С..
СЕ ШЕТАЛ НИЗ КИЧЕВО, ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против К.А.(76) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 23.11.2020 пријавениот бил затекнат надвор од домот, со што постапил спротивно на мерката за изолација во домашни услови, донесена од ДСЗИ со Решение од 16.11.2020 година.