ВРАБОТЕН ВО ШУМСКА ПОЛИЦИЈА КРАДЕЛ ДРВА? Фатен како без дозвола превезувал камион со огревно дрво
При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и немало несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено било друго лице со иницијали М.Ј.
Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во местово викано Дупка, село Таласманци, Кратовско, Шумската полиција запрела возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3.
При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива
Паланка и немало несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено било друго лице со
иницијали М.Ј.
Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка.