ВРАБОТЕН ВО МВР СЕ ОДНЕСУВАЛ КАКО ДА Е НАД ЗАКОНОТ Возел во спротивна насока, кога полицајци го запреле, се заканувал

Поради однесувањето, С.Р. бил приведен на лице место, а за случајот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

691

Полициски службеници привеле 45-годишен вработен во Министерството за внатрешни работи откако направил серија сообраќајни прекршоци и се заканувал на колега на терен, информираат од МВР.

Настанот се случил на 1 април 2026 година на крстосницата меѓу улиците Јордан Мијалков и Димче Мирчев во Скопје, каде полицијата вршела физичка регулација на сообраќајот. Полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“ управувано од С.Р. (45), кој се движел во спротивна насока и претекнувал колона возила.






При контролата, С.Р. се претставил како вработен во МВР, но кажал дека нема документ за лична идентификација. Според соопштението, тој потоа почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник.

Поради однесувањето, С.Р. бил приведен на лице место, а за случајот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Против него се поднесени соодветни поднесоци за повеќе прекршоци, меѓу кои за нарушување на сообраќајните правила, непоседување лична карта и нарушување на јавниот ред и мир, согласно важечката законска регулатива.

Поврзани содржини