ВРАБОТЕН ВО МНР Е ПРИТВОРЕН ВО СРБИЈА Го барале со меѓународна потерница
Работниот однос на притворениот вработен, според МНР, ќе му биде во мирување сè додека случајот не биде разрешен.
Вработен во Министерството за надворешни работи на Македонија минатиот петок бил ставен зад решетки во Србија затоа што по него се трагало со меѓународна потерница, јавува МИА. Досега е познато дека човекот бил на пат за Виена каде што нашата земја има Мисија во ОБСЕ, а за притворот Србија веднаш ја известила македонската амбасада во Белград.
– Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Северна Македонија во Белград. Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадициски притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство – информираат од МНР.
Работниот однос на притворениот вработен, според МНР, ќе му биде во мирување сè додека случајот не биде разрешен.