Вработен во Европскиот парламент почина откако бил заразен со коронавирус, прва жртва од Ковид-19 во европските институции.
– За жал, можам да ви потврдам дека еден член на персоналот на Европскиот парламент починал од последиците на „ Ковид-19 – изјави Хини, портпаролка на Европскиот парламент.
На прашањето за кого станува збор , портпаролката рече дека не е овластена да дава детални информации.
Други извори наведуваат дека тој е италијански државјанин кој работел со времен договор во службата за информатика на Европскиот парламент и имал околу четириесет години.