ВРАБОТЕН ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР ПОЧИНАЛ ОД КОРОНА Заразени се 16 осуденици
Директорот на битолскиот затвор, Драган Крајовски, потврдил дека се тестирани 20 осуденици од кои 16 покажале дека се позитивни на коронавирусот.
Вработен во битолскиот затвор на возраст од 47 години почина од ковид-19 во Клиничката болница во Битола.
Ова за весникот „Нова Македонија“ го изјави директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска.
Таа истакнала дека во битолскиот затвор позитивни на ковид-19 се 16 осуденици, кои имаат лесни симптоми, а едно лице е примено да се лекува во битолската болница.
– Пациентот беше примен во тешка состојба со добиен податок дека десетина дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември – изјавила д-р Гагачовска.
Директорот на битолскиот затвор, Драган Крајовски, потврдил дека се тестирани 20 осуденици од кои 16 покажале дека се позитивни на коронавирусот.