Вработен на „Комунална хигиена“ тешко се повредил работејќи на улицата Скупи

561

Педесет и тригодишен скопјанец, вработен во „Комунална хигиена“, се повредил вчера вршејќи работни задачи.

Тој е однесен во Градската општа болница каде му се констатирани тешки телесни повреди, а за настанот е информиран и трудов инспекторат.






Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека случајот е пријавен вчера во 13:10 часот, а полициски службеници разговарале со повредениот С.З. кој изјавил дека се повредил околу 12:50 часот на улицата Скупи.

Поврзани содржини