ВРАЌАЊЕТО НА ДРЖАВАТА КАЈ НАРОДОТ, НЕ Е ОТКАЖУВАЊЕ ОД ИДНИНАТА Европската иднина на Ковачевски ВМРО-ДПМНЕ ја гледа во редици за пасоши, уцени од Бугарија и во криминал
Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва во Струмица изјави дека ВМРО-ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина.
Ковачевски да разбере, штитењето на државните интереси, враќањето на државата кај народот не е откажување од иднината, туку создавање на реална и остварлива иднина, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски дека ВМРО-ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од иднината.
„Европската иднина на Ковачевски се сведе на редици за пасоши, уцени од Бугарија и огромни криминали. Што од ова е Европа и што од ова е иднина.Изборите се одлука за Македонија на Ковачевски, и Македонија на народот3, се наведува во реакцијата.