Враќање на поп ѕвездата: Кајли Миног издаде нов албум „Диско“ ВИДЕО

403

Австралиската поп пејачка Кајли Миног издаде нов албум наречен „Диско“, инспириран од танците што најмногу ги сака.

Последните три сингла од новиот албум – „Say Something“, „Magic“ и „I Love It“ добија позитивни критики, како од публиката, така и од стручната јавност, пренесува „Кликс“.






„Ви благодарам на сите, мило ми е што можам со вас да ја споделам добрата вест. Известете ме дали ви се допаѓа албумот и испратете ми го вашиот танц “, напиша Кајли Миног на Твитер. Нејзиниот последен албум излезе пред две години, но не помина многу добро со слушателите.

Иако на многумина им се чини дека Кајли веќе долго време нема објавено ништо ново, оваа 51-годишна пејачка не мирува. Таа го објави својот последен албум во 2018 година под името „Златен“, но со оглед на кантри и поп призвукот, критичарите не беа многу благонаклонети, велејќи дека не звучи како „Кајли“.

 

Поврзани содржини