ВПИШУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ЌЕ ГО ЗАБРЗА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ Бугарскиот претседател Радев очекува тоа да се случи поскоро

Претставниците на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани, пак, пред шефот на бугарската држава категорично се изјаснија против уставни измени со одложено дејство, бидејќи станувало збор за гарантирање на основните човекови права.

1

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера изјави дека со впишување на Бугарите во Уставот Македонија  значително ќе го забрза присоединувањето кон Европската Унија.

– Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да си ги отвори вратите за преговори за полноправно членство – изјави Радев на приемот за претставниците на организациите на Бугари од Македонија.

Тој изрази надеж дека македонските власти ќе го спроведат „европскиот компромис“ од 2022 година.

– Сите се надеваме дека интеграцијата на РСМ ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата – рече Радев.

Претставниците на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани, пак, пред шефот на бугарската држава категорично се изјаснија против уставни измени со одложено дејство, бидејќи станувало збор за гарантирање на основните човекови права.

Поврзани содржини