ВПИШАЛЕ ЛАЖНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ СО ИСТ СЕРИСКИ БРОЈ Кривична пријава за вработени во Центарот за јавно здравје во Виница

Првопријавениот, во периодот од 01.01.2020 до 07.11.2023, во повеќе наврати впишал и издал здравствени прегледи во санитарни книшки и евидентни листови со ист сериски број издадени на повеќе правни лица со невистинита содржина и не ги евидентирал во евиденцијата на Центарот за јавно здравје Кочани со што го оштетил буџетот на Центарот за јавно здравје за износ од 89.200 денари, се вели во полицискиот билтен.

1,103

Вработени во Центарот за јавно здравје во Виница фалсификувале и уништувале деловни книги со што го оштетиле буџетот за 1.450 евра, информираше Министерството за внатрешни работи. Поднесени се кривични пријави за 54-годишниот Г.Н. и за 62-годишниот Љ.К. кои се сомничат дека издале, односно евидентирале лажни здравствени прегледи.

„Првопријавениот, во периодот од 01.01.2020 до 07.11.2023, во повеќе наврати впишал и издал здравствени прегледи во санитарни книшки и евидентни листови со ист сериски број издадени на повеќе правни лица со невистинита содржина и не ги евидентирал во евиденцијата на Центарот за јавно здравје Кочани со што го оштетил буџетот на Центарот за јавно здравје за износ од 89.200 денари.






Додека, второпријавениот, кој бил задолжен за водење на евиденцијата на Центарот за јавно здравје, во амбулантскиот дневник за евидентирани здравствени прегледи, во периодот од 29.03.2022 до 07.11.2023 во повеќе наврати не ги евидентирал редоследно сите извршени здравствени прегледи за 2022 и за 2023 година“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини