ВОЗОТ ПОВТОРНО ВО ДЕФЕКТ, АЈДЕ СИТЕ ВО АВТОБУСИ! Патниците во возот Битола – Скопје стигнаа само до Богомила
МЖ била принудена на свој трошок да испрати автобуси да ги преземе патниците, за тие да го продолжат патешествието до својата крајна дестинација.
Патничкиот воз од Битола за Скопје денеска повторно се расипа кај станицата Богомила и не можеше да го продолжи патувањето, дознава Плусинфо од извори во ЈП Македонски Железници – Транспорт.
Поради дефектот Железницата била принудена да испрати автобуси за патниците да ги префрли безбедно до крајната дестинација на возот, до Скопје. Возот останал на железничката станица во Богомила, да чека поправка или друга локомотива, информираат изворите.
Ова не е прв пат возот од Битола до Скопје да останува во дефект, да стои со часови на некоја од станиците, или пак патниците да се префрлаат на друг превоз.