ВОЗОТ ОД АНКАРА ДО ИСТАНБУЛ ЌЕ „ЛЕТА“ СО 350 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Турција ќе гради брза пруга
Турскиот претседател изјави дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 билиони лири (47,7 милиони евра).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган најави проект на супербрзиот воз Анкара-Истанбул, кој ќе се движи со 350 километри на час.
– Оваа година објавуваме тендер за проектот за супер брз воз Анкара-Истанбул, кој ќе има брзина од 350 километри на час и времетраење од 80 минути – рече Ердоган, јави Анадолија.
Ердоган зборуваше и за проектот „Големиот Истанбулски тунел“.
– Овој тунел, кој ќе поврзе 11 различни линии на железничкиот систем, ќе обезбеди сериозно олеснување за транспортот на Истанбул. Нашата цел е да ги спроведеме сите 1.100 километри железнички проекти што ги подготвивме за Истанбул – додаде тој.
Тој посочи дека во изминатите 21 година во Истанбул се реализирани јавни инвестиции во вредност од 1,65 билиони лири (47,7 милиони евра).