📽 ВОЗОТ МИНУВА, РАМПАТА СТОО Прилепчани се плашат за својата безбедност, бараат итна поправка на семафорот

Треба некоја партија да победи на избориве или пола град ќе изгинеме на пругава? - коментира револтираниот возач кој ја објави снимкатана Фејсбук.

1,007

Патнички воз минува на железнички премин кај Сточниот пазар во Прилеп, а безбедносните рампи кои треба да им сигнализираат на автомобилите да не ја минуваат пругата, остануваат високо кренати. Ова е прикажано на видео снимката која деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи.

На снимката јасно се гледа дека семафорот и рампата, кои треба да го регулираат сообраќајот, не функционираат.






– Треба некоја партија да победи на избориве или пола град ќе изгинеме на пругава? – коментира револтираниот возач кој ја објави снимкатана Фејсбук.

„Страшно, колку неодговорна држава за својот народ! Господ да ни биде на помош со вакви државници, градоначалници…“, гласи еден од коментарите на видеото.

Поврзани содржини