(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) 📽 ЖИВИ ГОРЕА ВО БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА Преживеаните сведочеа за нападот врз Ал Акса

Хуманитарната организација Лекари без граници (МСФ) соопшти дека „луѓето се изгорени до смрт“ и дека „злосторствата мора да престанат“, додека портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа видеото го нарече „вознемирувачко“.

832

Застрашувачки снимки од беспомошни луѓе кои горат во пламен во болничкиот комплекс Ал Акса во Деир ал-Балах во централна Газа се појавија на интернет. Дел од нив ги споделија медиумите. Во ракетниот напад загинаа најмалку четири лица, а десетици се повредени, главно жени и деца, соопшти Министерството за здравство на Хамас.

На снимките кои се вознемирувачки може да се видат и други луѓе кои неуспешно се обидуваат да им помогнат на останатите да излезат од шаторите.






Една жена за Би-Би-Си го нарече нападот „една од најлошите сцени што ги видела во животот“, додека повредена девојка рече дека слушнала врисоци и лелек од луѓето заробени во шаторот.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Израелската војска соопшти дека мета на нападот билe борците на Хамас кои дејствувале во командниот центар на паркингот, што го предизвикало пожарот „веројатно поради секундарни експлозии“.

– Беше погодена област меѓу згради со импровизирани засолништа, во близина на амбулантска чекална, која беше празна ноќе – рече Ана Халфорд, координаторка за итни случаи на Лекари без граници (МСФ) во Газа.

Атиа Дарвиш, фотограф кој снимил дел од снимките кои кружат, изјави за Би-Би-Си дека тоа е „огромен шок“ и дека „не можел ништо“ додека гледал како луѓето горат.

– Бев целосно депримиран – рече тој.

Ум Јасер Абдел Хамид Дахер, која исто така живее во болницата, изјави за Би-Би-Си:

– Видовме толку многу луѓе како горат.

Меѓу повредените се и нејзиниот син, сопругата на синот и неговите деца. Нејзината внука Лина (11), која се здобила со шрапнели во раката и ногата, вели дека слушнала луѓе како врескаат.

Понеделничкиот напад беше седми израелски напад врз болницата од март и трет во изминатите две недели, додаде Халфорд. Нападот се случил во област каде што на жителите од северна Газа им било кажано да се преселат.

Хуманитарната организација Лекари без граници (МСФ) соопшти дека „луѓето се изгорени до смрт“ и дека „злосторствата мора да престанат“, додека портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа видеото го нарече „вознемирувачко“.

„Израел има одговорност да стори повеќе за да избегне цивилни жртви, а она што се случи овде е ужасно, дури и ако Хамас оперира во близина на болницата во обид да ги користи цивилите како жив штит“, соопшти Белата куќа.

Поврзани содржини