📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ЗГРАБИ МЕСАРСКИ НОЖ И СИ ГО ПРЕСЕЧЕ ГРКЛАНОТ! Ужасна сцена во Истанбул сред бел ден, минувачите во шок

Мажот зграпчил нож од киоск на пристаништето Сиркеџи, викал дека е „Махди“ и си нанел тешки повреди пред очите на минувачите.

1,229

Драматичен инцидент се случи во населбата Фатих во Истанбул, кога непознат маж зграпчил месарски нож од киоск на брегот и си нанел тешки повреди, пресекувајќи го гркланот пред очите на минувачите.

Инцидентот се случил околу 12:30 часот на пристаништето Сиркеџи, каде што мажот, од засега непознати причини, почнал да вика пред да го употреби ножот.






Сведоците веднаш ја известиле полицијата и брзата помош, кои му пружиле прва помош на тешко повредениот маж на лице место, по што бил итно пренесен во болница.

Очевидецот Ахмет Акдениз, кој продавал костени во близина, изјавил дека го видел мажот како зема нож, си нанесува повреда и продолжува да се движи додека крв прскала насекаде. Според него, човекот ја соблекол кошулата и викал дека е „Махди“ (во исламското верување, фигура на спасител или пророк кој ќе се појави пред крајот на светот за да донесе правда и да го победи злото) и дека сака да дојде Судниот ден, по што легнал на карпите покрај брегот и ја изгубил свеста поради обилна загуба на крв.

 

Друг сведок, Халис Јаткин, кој ловел риба во близина, го пофалил одговорот на полицијата, нагласувајќи дека полицајците интервенирале смирено и покрај агресивното однесување на човекот, кој наводно се обидел и физички да ги нападне.

Полицијата го обезбедила подрачјето и започнала истрага за сите околности на инцидентот, додека лекарите се борат за животот на повредениот маж.

Поврзани содржини