(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ТРЧА КОН ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЗА ПОМОШ, А ТИЕ ЈА ЗАСТРЕЛУВААТ Се објави видео од убиството на 15-годишната Савана во САД

Видеото беше објавено, за првпат по трагедијата, на барање на репортерот Џои Скот кој во својата објава на Икс зборуваше како шерифот на округот Сан Бернардино погрешно ги претставува фактите.

1,358

Во вторникот се објави видео од убиството на 15-годишната Савана Грацијано на автопатот 15 во Хесперија, Калифорнија, која ја застрелаа полицајци додека трчаше кон нив за помош на 27 септември 2022 година, објави американскиот портал Лос Анџелес тајмс.

Видеото беше објавено, за првпат по трагедијата, на барање на репортерот Џои Скот кој во својата објава на Икс зборуваше како шерифот на округот Сан Бернардино погрешно ги претставува фактите.






Тинејџерката е пријавена како исчезната откако нејзината мајка Трејси Мартинес е пронајдена убиена на 26 септември 2022 година, а сторителот е таткото на девојчето – Ентони Џон Грацијано. Ден подоцна, полицијата го открива возилото на Ентони, за кој се верува дека ја киднапирал ќерка си откако ја убил мајка ѝ. Полицијата го следи околу 110 километри, а девојчето е на совозачкото седиште.

Кога Грацијано конечно сфаќа дека не може да се извлече, отвора оган кон полицајците со полуавтоматско оружје и го запира возилото. Потоа, девојката излегува од совозачката врата додека еден од полицајците ѝ вика да трча кон него.

Неколку секунди подоцна, додека тинејџерката трча кон полициското возило за да се спаси, други полицајци ја застрелуваат и таа облеана во крв паѓа наземи додека нивниот колега им вика да престанат да пукаат бидејќи осомничениот е во автомобилот.

Девојчето е пренесено во болница каде што е констатирана смртта, додека, пак, татко ѝ починува на лице место од полициски оган.

Полицајците не носеле камери на нивните униформи за време на операцијата, а шерифот од Сан Бернардино по инцидентот рекол дека девојчето изгледало како да носи нешто што личи на „воена опрема“ кога излегло од возилото.

Според новинарот Џои Скот, локалните власти досега одбивале да го објават видеото, велејќи дека тоа може да предизвика „компликации кои би ја попречиле истрагата“.

Поврзани содржини