📽️ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД КРВНА ОДМАЗДА Хорор во Франкфурт сред станица, убиецот му пријде од зад грб и го застрела во глава
На видеото од надзорните камери се гледа како 54-годишниот осомничен ѝ приоѓа на жртвата одзади и испука неколку истрели во неговата глава. Убиството се случило во вторникот околу 21 часот.
На социјалните мрежи е споделена вознемирувачка снимка од моментот кога ладнокрвен убиец застрела 27-годишен маж на централната станица во Франкфурт.
На видеото од надзорните камери се гледа како 54-годишниот осомничен ѝ приоѓа на жртвата одзади и испука неколку истрели во неговата глава. Убиството се случило во вторникот околу 21 часот.
Десетици патници кои беа сведоци на бруталниот напад почнаа да бегаат. Откако бил испукан првиот истрел, кога жртвата веќе паднала на подот, осомничениот пукал во него уште неколку пати.
Полицијата го уапсила недалеку од местото на злосторството. Пиштолот со кој е извршено убиството бил пронајден при претрес на станицата која била затворена за сообраќај 25-тина минути по инцидентот.
– Помош пристигна предоцна за 27-годишниот, кој почина на местото на несреќата. Двајцата се турски државјани – соопшти франкфуртската полиција.
Полицијата сѐ уште се обидува да го утврди мотивот за убиството и дали двајцата се познавале. Турските медиуми јавуваат дека причина за нападот била семејна расправија меѓу семејството на жртвата и осомничениот кој водел ќебапчилница во Германија.
Тие наведуваат и дека жртвата наводно убила бизнисмен во Турција во мај, кого го обвини за убиство на својот брат во 2016 година, пред да побегне во Германија. Вујкото на бизнисменот му влегол во трага на 27-годишниот и го убил од одмазда, јавуваат турските медиуми.
Полицијата не може да даде информации за мотивот или нивната врска, бидејќи истрагата се уште е во рана фаза.
Читателите се предупредуваат дека снимката е крајно вознемирувачка.
Man Shot Dead at Frankfurt Central Station
In front of dozens of travelers, a killer coldly executed a 27-year-old man at Frankfurt’s main train station.
Police arrested the 54-year-old suspect, both Turkish citizens. The motive is unknown. pic.twitter.com/FDeo2U2tnp
— NEXTA (@nexta_tv) August 21, 2024