ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Нова снимка од пожарот во Тетово, се слушаат неколку експлозии

Во видеото, снимено од очевидци, сведочи дека за многу кратко време, по серија на експлозии, објектот целосно пламнува.

5,816

На социјалните мрежи се појави нова снимка снимена во моментот на избивањето на пожарот во тетовската модуларна ковид болница, а на која се слушаат неколку експлозии, за кои се претпоставува дека се предизвикани од доводот на кислород за потребите на пациентите во болница.

Во видеото, снимено од очевидци, сведочи дека за многу кратко време, по серија на експлозии, објектот целосно пламнува.






Снимката ја споделуваме во продолжение, но предупредуваме дека станува збор за видео со ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА, па поради тоа внимавајте додека го гледате.

Телевизија Алсат обезбеди необјавени аматерски снимки од пожарот во модуларната болница. Овие снимки покажуваат моменти на две експлозии за време на пожарот.

Се гледа и моментот на пристигнување на првото противпожарно возило и како немале можност да се справат со огнената стихија. Дополнителен проблем за пожарникарите била и улицата којашто била блокирана од автомобили.

Поврзани содржини