ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА: Момче тепа девојка, а потоа добива ќотек од друго момче
Видеото е снимено во Куманово, зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и пред една зграда.
На социјалните мрежи се појавија видеа од два последнователни настани на кои може да се види како момче тепа девојка, а подоцна истото момче добива ќотек од друго момче.
Не е познато кога се снимени видеата, а според коментарите на граѓаните, настанот се случил во Куманово, зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
⚠️ Физички напад врз девојка во центарот на Куманово среде бел ден❗❗
Ова не смее да помине вака…❗
➡️ А вие што снимате и ништо не превземате сте тешки шупаци.. pic.twitter.com/pBpIm2BQMX— Шефот (@The_Chief86) July 21, 2021
Втор дел од “тепачот”…⬇️
Набутан во грмушки и јаде ќутек ко мало дете и вика помош.. 👏👏👏 https://t.co/yzmbhBiHWv— Шефот (@The_Chief86) July 21, 2021
Попладнево и МВР го прокоментира случајот.
„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.