ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Маж од автомобил исфрла обезглавено женско тело (ВИДЕО)

Видеото снимено во куќата на сведокот покажува како маж исфрла женско тело од автомобил на улица, а потоа и главата.

3,363

Маж во Минеаполис е уапсен под сомнение дека исфрлил обезглавено тело на жена од автомобил на тротоар.

Според извештајот на полицијата, жената (55) била пронајдена обезглавена на тротоарот, а спасувачките екипи излегле на лице место и констатирале смрт. Целиот инцидент го привлече вниманието на јавноста, откако еден очевидец објави видео од овој инцидент на една од социјалните мрежи.






Видеото снимено во куќата на сведокот покажува како маж исфрла женско тело од автомобил на улица, а потоа и главата.

Тој напиша во описот на видеото каде се случил инцидентот и апелираше до луѓето да повикаат помош.

Полицијата соопшти дека брзо го уапсила 42-годишникот под сомнение за тешко убиство и моментално е во притвор и го чека судењето.

Според полицијата, осомничениот и жртвата биле во долгогодишна врска. Тие имале проблематична врска и често се расправале, за што полицијата била известена неколку пати.

Осомничениот за убиството на несреќната жена веќе има криминално досие, а во 2017 година бил осуден за семејно насилство.

 

Поврзани содржини