ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО Мајка го фрла детето во кафез со мечки

За среќа, мечката што се гледа на видеото само го помисисала детето и не го повредило. Тоа сепак претрпело тешки повреди од падот. Шокантниот настан се случил во Узбекистан.

3,176

Бизарен и опасен инцидент се случил во зоолошка градина во Узбекистан во петокот, кога мајка ја фрлила својата тригодишна ќерка во кафез со мечки.

Безбедносните камери го снимиле шокантниот момент. На видеото се гледа како маж се обидува да ја спречи жената да стори што наумила, но таа сепак го испушта детето.






Ситуацијата донекаде ја спасила мечката Зузу, која, како што се гледа на снимката, му приоѓа на детето, но не го повредува.

– Луѓето се обиделе да ја спречат мајката да го фрли детето во кафезот, но не успеале. Детето паднало во каналот покрај оградата. Мечката веднаш истрчала да ја намириса, но потоа се свртела и си заминала – изјавил портпаролот на зоолошката градина.

Девојчето при падот се здобило со повреди на главата.

Не е во животна опасност, но интензивно се следи неговата состојба. Мајката е обвинета за обид за убиство и се соочува со затворска казна до 15 години.

Поврзани содржини