Белорускиот опизициски активист Степан Латипов се обиде да изврши самоубиство денеска, за време на судското рочиште во Минск.
Латипов се повредил во пределот на вратот за време на судското рочиште додека седел во просторијата за обвинетиот, објави Центарот за човекови права Вијасна во Белорусија.
Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат дека чуварите се обидуваат да го извлечат од ќелијата додека лежи неподвижен. Подоцна е хоспитализиран и воведен во индуцирана кома.
Пред да се повреди, Латипов му кажал на својот татко дека за време на судењето истражителите се заканиле дека ќе отворат кривични случаи против неговите роднини и соработници, доколку тој не се изјасни за виновен.
Латипов е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир, отпор кон полицијата и други дејствија што се казнуваат со затвор до 10 години. Тој се наоѓа во затвор од септември, кога беше уапсен за време на масовните протести против претседателот Александар Лукашенко.
El activista bielorruso Stepan Latipov intenta suicidarse cortandose el cuello en pleno juicio #belarus pic.twitter.com/ol84oTTBQX
— pinov-Rusia (@juancarlospinov) June 1, 2021