(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АЛБАНЕЦ УБИ СРБИН ВО ДИЗЕЛДОРФ Излегле пред ресторан, а едниот почнал да мавта со пиштол
Тие излегле надвор од ресторанот за да ја решат расправијата, но тепачката ескалирала и 52-годишникот наеднаш извадил пиштол и неколкупати ја застрелал жртвата.
Тежок инцидент се случил вчера пред ресторан во центарот на градот во Дизелдорф. Албанецот Рустем Лапи (52) го убил, српскиот државјанин Александар М.(38), сопственик на ресторан и ММА борец.
Според локалните медиуми, 38-годишниот сопственик на ресторан во Херцогштрасе во населбата Фридрихштат се скарал со 52-годишен Албанец од Косово. Тие излегле надвор од ресторанот за да ја решат расправијата, но тепачката ескалирала и 52-годишникот наеднаш извадил пиштол и неколкупати ја застрелал жртвата.
Малку подоцна полицијата без отпор пред шанкот успеала да го уапси 52-годишниот Лапи. Тој треба да се појави пред судија во понеделник.
Според информациите на германски „Велт“, жртвата, Александар М.(38) е познат рапер во Дизелдорф и има прекар „Алекс М“.
Ubistvo MMA borca pic.twitter.com/u2qjPpb6uQ
— Mariel (@malasirena111) April 29, 2024