🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) РУСИТЕ ВЛЕГЛЕ ВО ПОКРОВСК, ИСЦРПЕНАТА УКРАИНСКА ВОЈСКА ПОД ПРИТИСОК Загуби, хаос и пријателски оган во борбите за градот

Според украинската аналитичка група Дипстејт, руските сили го искористиле моментот на слабост, заморот кај една украинска бригада и нецелосната проценка на теренот, за да навлезат во Покровск преку населбата Звирове. Групата потврдува дека има загинати. Иако бргу било утврдено присуството на диверзантски единици, нивните движења и точни позиции биле непознати, што создало хаос на теренот. Затоа, како што додава групата, потребна е смирена и внимателна тактика.

2,228

Руските сили успеале да навлезат во украинскиот град Покровск во Донецката област, потврдија припадници на украинската армија за Украинска правда.

Првите траги од руска пешадија биле откриени уште на 17 јули, а според воените аналитичари од украинската група Дипстејт, борбите продолжуваат и вечерта на 21 јули.






„Пред неколку дена непријателот ја искористи слабоста – исцрпени сили во една од украинските бригади и нејасна проценка на теренот – и се проби во Покровск преку населбата Звирове. Ситуацијата бргу ја стабилизираа војниците од 155. механизирана бригада и 68. јегерска бригада, спречувајќи катастрофа,“ соопшти Дипстејт.

Руската намера, според истите извори, е да се вкопаат и да ја задржат позицијата, чекајќи засилувања и да ја преземат контролата врз улицата Заштитници на Украина.

Истиот извор известува дека „операцијата за неутрализирање на диверзантите продолжува“ и дека „украинската армија, за жал, има загуби“.

„Имаме и жртви. Згора на тоа, се зголемија инцидентите со пријателски оган, бидејќи иако веднаш беше познато дека има саботери, малкумина имаа точни информации за нивните правци и позиции. Потребен е трпелив и ладнокрвен пристап,“ додава Дипстејт.

На интернет веќе кружи снимка на која се гледа руска заседа врз украински војници на крстосницата меѓу улиците Шевченко и Заштитници на Украина.

Инаку, командантот на украинската војска, Олександр Сирски, на 21 јули извести за успешен напад врз руска група што се обидувала да продре во градот.

Поврзани содржини