(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) РУСИ УБИЛЕ ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО, ЌЕРКАТА ЈА КОРИСТЕЛЕ КАКО ШТИТ Украинците снимиле брутално злосторство
Снимката ја објави Третиот армиски корпус на Украина на 24 септември, велејќи дека на неа се гледаат руски војници како користат малолетно девојче како човечки штит за време на нивното повлекување од селото Шандриголово во регионот Донецк.
Застрашувачка снимка од дрон наводно прикажува руски војници како пукаат во семејство во нивниот дом, а потоа киднапираат девојче за да го користат како човечки штит за време на нивното повлекување, објавува „Киев пост“.
Снимката ја објави Третиот армиски корпус на Украина на 24 септември, велејќи дека на неа се гледаат руски војници како користат малолетно девојче како човечки штит за време на нивното повлекување од селото Шандриголово во регионот Донецк. Според портпаролот, инцидентот се случил во близина на Лиман, но точниот датум на инцидентот не е наведен.
Пресретната комуникација на руски војници сугерира наредба за таргетирање на цивили.
Украинската единица, исто така, објави пресретната радио комуникација меѓу руски војници. Во неа, тврдат тие, може да се слушне командант со повикувачки знак – Бали – како издава наредба за егзекуција на секој што ќе го сретнат, вклучително и цивили.
Пресретнатата комуникација открива, дека дури и пред да започне нападот врз селото, командантот на вооружените сили на Руската Федерација со повикувачки знак – Бали – издал наредба за уништување на цивилното население, давајќи инструкции да се дејствува брзо и да се убиваат сите неселективно – се наведува во соопштението. Во продолжението на комуникацијата, може да се слушне како Бали додава: „Па, не сметајќи ги децата“.
Судбината на киднапирано девојче засега останува непозната
На видеото се прикажани руски војници како ја напаѓаат куќата, по што следува објаснување дека семејството е убиено, а девојчето е користено како човечки штит. Потоа на снимката се прикажани руски војници под оган, додека гранати експлодираат околу нив. Во еден момент, се гледаат двајца војници како носат дете со себе, барајќи засолниште.
Потоа дронот се приближува кон куќата, прикажувајќи заматено тело на земја, за кое се претпоставува дека е член на семејството.
„Непријателска единица влегла во станбената зграда и ги застрелала мирните жители, родителите на детето. Русите го киднапирале девојчето и го продолжуваат својот напад, држејќи го како заложник за да спречат да биде убиено“, се вели во соопштението на Третиот армиски корпус.
Судбината на киднапирано девојче засега останува непозната.
Во соопштението, Третиот армиски корпус и Службата за безбедност на Украина (СБУ) упатија заеднички апел до цивилите во областите долж линијата на фронтот да се евакуираат што е можно поскоро.
Еден од ретките случаи каде што доказите биле снимени на камера
Иако други украински единици пријавиле егзекуции на цивили од страна на руски војници, повикувајќи се на сведоштва од заробени војници, овој инцидент е еден од ретките случаи каде што доказите биле снимени на камера.
Руските сили се обвинети и во други случаи дека се маскираат како цивили за време на борба, што според меѓународното хуманитарно право претставува воено злосторство познато како „перфидија“ или предавство.