📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ПЛАЧ ПО ДЕЦАТА ПОД УРНАТИНИТЕ ВО ИНДОНЕЗИЈА Спасувачите на терен, вода се носи преку цевки

Боже мој... мојот син е сè уште таму. Боже помагај, вреска една мајка на снимките од страшната несреќа. Повеќе ученици останале фатени меѓу два ката. Спасувачот Сигит истакна дека борбата за секој здив продолжува. Спасувачите им носат вода преку дупки и кислород на децата под урнатините.

342

Имената на учениците висеа на табла, но не сите беа прецртани со надеж. Родителите очајно повикуваа по урнатините на верското училиште „Ал Кхозини“ во индонезиската провинција Источна Јава, каде зградата се срушила среде молитва. Се стравува дека 38 деца останале затрупани, јави АП.

„Работиме непрекинато, но конструкцијата е кревка. Стравуваме дека има повеќе заглавени ученици“, соопштија властите.






Според официјалните податоци, загинато е едно дете, а повредени се најмалку 99 ученици, дел од нив со тешки повреди. Спасувачките тимови со голи раце ја разнесуваат урнатината и преку дупки доставуваат кислород и вода за оние кои преживеале под бетонските плочи.

 

– Причината за уривањето била слабата носивост на темелите кои не можеле да го издржат доградениот кат – изјави Абдул Мухари, портпарол на Националната агенција за управување со катастрофи.

Една мајка врескаше покрај таблата со имиња:

– Боже мој… мојот син е сè уште таму. Боже помагај – изјави таа низ солзи.

Повеќе ученици останале фатени меѓу два ката. Спасувачот Сигит истакна дека борбата за секој здив продолжува:
– Сите напори се насочени кон тоа да се одржи животот – подвлече тој.

Истражувањето открива дека зградата била надградена без дозвола и без ревизија на стабилноста, нешто што е чест проблем во Индонезија, земја склона на земјотреси и слаба регулатива.

Поврзани содржини