ВОЗНЕМИРУВАЧКО ОТКРИТИЕ Непознат маж ги демнел Џин Хекман и неговата сопруга пред нивната смрт
Помина еден месец откако актерот и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивната семејна куќа.
Помина еден месец откако актерот и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивната семејна куќа.
Светот сè уште е потресен од шокантната смрт на актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава. Иако Џин беше во доцните години, целиот сплет на околности околу овој трагичен настан е многу потресен.
Секојдневно се појавуваат нови детали, а сега се огласи и фризерот на Бетси и откри некои многу вознемирувачки работи.
Кристофер во својата изјава ѝ рекол на полицијата дека биле загрижени. На новите снимки до кои дошол „Фокс“, тој на полицајците им рекол:
– Таа ми спомна дека еден човек бил паркиран пред нивната капија и ги следел. Во две одвоени прилики. Еднаш отидоа во „Белата карпа“. Отидоа таму и ручаа, а човекот ги следел од паркингот (надвор од нивната затворена заедница), одел по нив сè до „Белата карпа“ – рекол тој.
Бетси наводно го споделила своето изненадување дека обезбедувањето не знаело како тој непознат маж дошол до нивната затворена заедница во која можат да влезат само жителите и нивните најавени посетители.
– Кога тргнавме, забележав дека овој автомобил нè следи од резиденцијата до „Белата карпа“ – наводно Бетси му се доверила на својот фризер.
Според изјавата на Кристофер, Бетси му рекла дека човекот имал папка полна со фотографиите на Џин и сакал актерот да ги потпише за него. Меѓутоа, таа му пришла и му рекла дека треба да има поголема почит и го замолила да ги остави на мир.
Очигледно, човекот се вратил следниот ден и ги следел на друго место. Тој отишол во ресторанот во кој биле и таа рекла дека им понудил шише вино, но тие одбиле.
– Реков: „О, Боже, Бети, тоа е лудо. Не требаше да ѝ се приближуваш на оваа личност. Ова ме прави нервозен“. Знаеше каков автомобил возат и каде се движат, тоа е страшно – рекол Кристофер.
Полицијата верува дека Џин починал околу 18 февруари и дека причината за смртта е срцев удар, додавајќи дека неговиот напреден стадиум на Алцхајмерова болест бил значаен фактор. Канцеларијата на медицинскиот преглед во Њу Мексико соопшти дека Бети починала 7 дена порано од хантавирус синдром – тешка респираторна болест предизвикана од контакт со заразени глодари.