📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МАЖ ЗАГИНА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Автомобил излета на клучката кај Мриковци, возачот починал

Возачот на „БМВ“ починал на местото на несреќата, полицијата ги утврдува причините.

983

Маж го загуби животот попладнево во тешка сообраќајна несреќа на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 15:50 часот, кога било пријавено дека патничко возило излетало од коловозот.






Полициски екипи веднаш излегле на терен и утврдиле дека станува збор за автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки. Возачот, кој бил сам во возилото, починал на местото на несреќата.

Надлежните служби работат на утврдување на причините за трагедијата, а повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liridona Vejseli (@liridonavejseli)

Поврзани содржини