🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) КРВНИЧКИ ПРЕТЕПАНИ СЛОВЕНЦИ ВО ХРВАТСКА Со ќотек пречекани во Савудрија на брегот на Јадранот
Вториот обезбедувач беше агресивен и веднаш почна да ни вика, велејќи да се губиме од нивната убава земја, вели еден од нападнатите турсти од Словенија.
Словенечки туристи, кои по 22 часот се спуштиле до морето за да не им пречат на соседите, станаа жртви на физички напад.
Во Савудрија на Јадранот дошло до нов брутален напад врз словенечки туристи, а овој пат сè се случило на плажа со која управува хотелот „Кемпински“. Инцидентот се случил во петок навечер. Иако траги од крв сè уште се видливи на плажата, од хотелот одбиваат да го коментираат настанот, а локалната полиција не одговарала на повици, пренесува 24ур и нивниот новинар Марко Грегорц.

Трагите на телата на Словенците сведочат за нападот: отечени прсти на нозете, модрица на лактот, пробиена усна и рана од неколку сантиметри на челото.
– Околу час и половина откако седнавме, ни пријде еден обезбедувач и доста нељуезно побара да ја напуштиме плажата. Го прашавме во што е проблемот, бидејќи никому не пречиме и плажата е празна. Само ни рече да исчезнеме и дека повеќе не сака да нè види тука“, раскажала една од жртвите за 24ур.
Бидејќи биле на јавна плажа, биле љубопитни зошто ги брка обезбедувачот. Тој потоа се оддалечил, но набрзо се вратил со уште еден колега.
– Вториот обезбедувач беше агресивен и веднаш почна да ни вика, велејќи да се губиме од нивната убава земја – рекол еден од нападнатите.
Како и на првиот, и на вториот обезбедувач му рекле дека не гледаат во што е проблемот и дека по потреба можат да ја повикаат полицијата.
Бидејќи со таков тон и однесување почнале да се чувствуваат небезбедно, одлучиле да се повлечат во блиска куќичка, оддалечена околу 20 метри. Но, тогаш на местото пристигнал и трет обезбедувач.
– Ме повлече за маица, па извадив телефон и почнав да снимам – раскажал соговорникот.
Следела брутална тепачка, за време на која ниту девојката не била поштедена. Еден од обезбедувачите ја удрил со нога додека паѓала на земја.
– Потоа ја удрија и падна на терасата подолу. Тогаш тоа го слушнаа соседите од горниот кат и слегоа. Обезбедувачите почнаа да бегаат од плажата, а ние повикавме брза помош и полиција – рекол тој.
Директорот на хотелот, Нинослав Видовиќ, потврдил дека бил известен за инцидентот, но се оградил од одговорност, наведувајќи дека станува збор за надворешна агенција за обезбедување која ја ангажира хотелот. На прашања по чиј налог дејствувале обезбедувачите и дали ќе бидат сменети, одбил да одговори.
Нападнатите словенечки државјани побарале лекарска помош во Словенија, а најавуваат и преземање на сите правни чекори против обезбедувачите и хотелот.
На 25 јули петмина редари во Пореч претепаа момче (19) од Словенија. Тој доби тешки телесни повреди: фрактура на череп, оштетено уво, модрици и гребаници по целото тело. Помош му била укажана во Општата болница Пула, а потоа бил пуштен на понатамошно лекување во Словенија.
Видеото од нападот врз туристите можете да го видите ОВДЕ.