📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ФРЛЕН ЕКСПЛОЗИВ КОН ПОТПРЕТСЕДАТЕЛKATA НА КОНГРЕСОТ Бомбата пукна додека Лопез даваше интервју

Конгресменката паднала на подот и итно била однесена во болница. Лекарите предупредуваат дека може да има проблеми со слухот, но повредите не се опасни по живот.

1,842

Конгресменката од Хондурас, Гладис Аурора Лопез, потпретседател на Националниот конгрес и член на конзервативната Национална партија (Partido Nacional), беше повредена во четвртокот кога кон неа беше фрлена рачно изработена експлозивна направа пред зградата на Конгресот во главниот град Тегусигалпа.

Според сведоците и снимките од безбедносните камери, направата била фрлена од улицата пред зградата додека Лопез давала изјави за новинарите. Таа претрпела изгореници од втор и трет степен, оштетување на слухот и модринки. Конгресменката паднала на подот и итно била однесена во болница. Лекарите предупредуваат дека може да има проблеми со слухот, но повредите не се опасни по живот.

 






Од болницата, Лопез испрати порака за помирување.

– Немам омраза во срцето и му благодарам на Бога што сум жива – рече таа низ солзи, повикувајќи на мир и отфрлање на политичкото насилство.

Нападот се случи во услови на длабоки политички тензии по претседателските избори на 30 ноември 2025 година. На 24 декември, Националниот изборен совет (CNE) го прогласи Насри „Тито“ Асфура од Националната партија за победник со тесна разлика во однос на кандидатот на Либералната партија, Салвадор Насрала. Владејачката Партија на слободата и обновата (Либре) не ги призна резултатите, а конгресот беше свикан специјално за да го разгледа предлогот за пребројување на гласовите.

Томас Замбрано, претседател на пратеничката група на Националната партија во Конгресот, ги обвини поддржувачите на Либре за нападот, нарекувајќи го „кукавички чин на насилство“ и директен напад врз неговата партија. Либре сè уште официјално не ги коментирал обвинувањата.

Претседателот на Конгресот, Луис Редондо, го осуди насилството и нареди истрага, додека полицијата нуди награда од 300.000 лемпири (околу 12.000 евра) за информации за сторителите. На снимката се прикажани двајца осомничени мажи, а истрагата е во тек, објавува „The Telegraph“.

Поврзани содржини